X
 17.12.2019 Живот

Сѐ повеќе дипломци ја напуштаат Италија

Младите Италијанци со универзитетски дипломи сѐ повеќе ја напуштаат земјата – во 2018 година 29.000 или 6 проценти повеќе отколку во претходната година, соопшти Националниот завод за статистика (ИСТАТ).

Во изминатите пет години, во споредба со претходниот период, 45 проценти повеќе млади Италијанци со дипломи тргнаа во потрага по подобар живот, додава ИСТАТ.

Вкупно 182.000 италијански дипломирани студенти ја напуштија земјата за десет години, според истиот извор.

- Повторната емиграција на италијански државјани е делумно поради тешкотиите на италијанскиот пазар на трудот, особено за младите луѓе и жените - оценува институтот.

- Веројатно генерациите родени и израснати во ера на глобализација имаат различен пристап според кој на најквалификуваните млади им е полесно да го инвестираат својот талент во странска земја каде што имаат повеќе можности да градат кариера и да имаат поголема плата - додава ИСТАТ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот