На просторот помеѓу 60 степени јужна и 60 степени северна географска ширина научниците откриле концентрација на озон што е во константен пад на висина од 15 и 25 километри, каде што озонската обвивка отсекогаш е густа.
УВ-зрачењето може да предизвика промени во ДНК на растенијата, животните и на луѓето. Меѓутоа, озонот што се формира во близина на Земјата се смета дека е загадувач на атмосферата и дека предизвикува ефект на „стаклена градина“, што претставува ризик за човечкото здравје (особено за белите дробови), како и за продуктивноста на екосистемите.
Емисиите на издувни гасови и другите човекови активности во интеракција со сончевата светлина произведуваат озон, кој се смета за секундарен загадувач затоа што не се емитува директно, туку индиректно.
Едно меѓународно истражување покажува дека иако загадувањето со озон се намалува во многу региони од Европа и САД, многу Европејци и Американци се барем десет дена годишно изложени на штетните влијанија од озонот.
Тоа особено се однесува на Источна Европа и на земјите од Балканот, каде што нивоата на озон ја преминуваат границата на безбедност од 70ppb повеќе од 15 дена годишно!
Новиот извештај
TCAP (Tropospheric Ozone Assessment Report) е најобемната база на податоци за следење на нивото на озонот низ светот, а достапни се податоците од над 4.800 станици во светот.