Да станеме или да притиснеме „snooze“? Веројатно го знаете одговорот, но не ви се допаѓа.
Повеќето од нас веројатно ја користат опцијата „snooze“ на нашите аларми во голем дел од нашиот живот. Само уште неколку минути под јорганот.
Додека ваквото одложување се чини безопасно, не е баш така. За почеток, важно е да се разбере зошто го користиме ова копче. За некои ова е навика што почнала од рана возраст. Но, за многумина може да сигнализира значителен проблем со спиењето. Лошиот квалитет на сонот покажува дека е поврзан со голем број здравствени нарушувања, вклучувајќи висок крвен притосок, проблеми со меморијата и дури и контрола на тежината.
Ако една личност е изморена кога алармот ќе почне да свири, дали е корисно да се искористи „snooze“? Иако не постојат научни истражувања што конкретно се однесуваат на оваа тема, одговорот е не.
Природниот часовник на нашето тело ги регулира функциите преку она што е познато како циркадиски ритми - физички, ментални и промени во однесувањето што го следат секојдневниот циклус. Повеќето возрасни луѓе имаат потреба од седум и пол до осум часа добар сон. Ова ни овозможува да поминеме соодветно време во фазите на спиење познато како „NREM“ и „REM“.
Тежнемее да се движиме од три фази на „NREM“ во „REM“ сон, четири до шест пати во текот на ноќта. Одржувањето на оваа добро дефинирана структура е важно за добар, мирен сон. Ако овој процес е вознемирен на каков било начин, ние се будиме чувствувајќи се уморно.
Голем број фактори може да влијаат на циклусите на спиење. На пример, ако некоја личност не дише добро во текот на спиењето (грчење или апнеа), ова ќе ги наруши нормалните секвенци и ќе предизвика луѓето да се разбудат и да се чувствуваат уморно.
Квалитетот на спиењето може да се намали со употребата на електронските уреди, цигарите и алкохолот во вечерните часови. Дури и јадењето пред спиење може да биде проблематично.
Употребата на „snooze“ често почнува во текот на тинејџерските години, кога нашите циркадиски ритми се менуваат, па предизвикуваат да сакаме да останеме подоцна и да спиеме подолго наутро.
Одложувањето на вашето будење 2, 3, 9 минути нема да ви овозможи
квалитетен сон. Всушност, може да го збуни мозокот во почнувањето на процесот на произведување на повеќе неврохемикалии што предизвикуваат спиење.