X
 08.05.2020 Живот

Познатите личности и научници го повикуваат светот да не се врати во нормала по пандемијата

Мадона, Роберт де Ниро, Кејт Бланшет, Џејн Фонда, Моника Белучи, голем број научници и добитници на Нобеловата награда се меѓу 200 луѓе што го повикуваат светот, односно светските лидери да не се враќаме во нормала по пандемијата и да престанеме со консумеризмот.

Сите овие луѓе го потпишаа отвореното писмо во кое се наведува потребата за укинување на консумеризмот и радикална трансформација на економиите.

Овој проект е предводен од актерката Кејт Бланшет и астрофизичарот Аурелиен Бара.

- Веруваме дека е незамисливо да се „вратиме во нормала“ - пишува во писмото потпишано и од нобеловите лауреати за медицина, хемија и физика, како и добитникот на Нобеловата награда за мир, Мухамед Јунус.

Тие напишаа дека пандемијата е трагедија, но ја гледаат како шанса за човештвото да преиспита што е важно.

кејт
Фото: Screenshot/YouTube

- Приспособувањата не се доволни. Проблемот е системски. Тековната еколошка катастрофа е метакриза. За разлика од пандемијата... глобалниот еколошки колапс ќе има неизмерливи последици - се вели во писмото.

Во писмото со 200 потписи се вели дека е време лидерите да ја остават зад себе неодржливата логика што сè уште преовладува и да ги преиспитаат нашите цели, вредности и економии.

- Потрагата по консумеризмот и опседнатоста со продуктивноста нè доведоа до тоа да ги негираме вредностите на самиот живот: растенијата, животните и големиот број човечки суштества. Загаденоста, климатските промени и уништувањето на природните зони го доведоа светот до точка на уништување.

Извор: Daily Mail
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот