На социјалната платформа „Твитер“ се шпекулира дека социјалната мрежа „Фејсбук“ активно тестира механизми во одделот за коментирање слични на редит-заедницата. Од „Фејсбук“ велат дека ова е наменето да биде метод за означување сомнителни коментари на јавни објави.
Со кликањето на новото копче за поништување ќе се скрие коментарот од страна на корисникот кој ќе го притисне копчето, а потоа ќе биде прашан дали коментарот бил „навредлив“, „погрешен“ или „надвор од темата“. Не се работи за „дислајк“ копче, а тестирањето се применува само на мала група луѓе во САД. Со оваа нова опција се очекува да им се помогне на корисниците сами да ги модифицираат коментарите за кои сметаат дека не се во ред.
Иако изгледа како едноставна алатка, ова копче можеби ќе има голема улога во дизајнот на „Фејсбук“. Закерберг веќе најави дека оваа година компанијата ќе постави приоритети за организирање на информациите и објавите.
Со ова се смета дека ќе им се помогне на корисниците да дадат свој придонес во регулирањето на јавното однесување на платформата. Исто така, ова ќе ѝ помогне на компанијата да го разбере големиот број коментари што се на врвот, како и оние што ќе бидат скриени со новата
опција.