„Visa“ е еден од најпрепознатливите брендови во светот. Нејзиното лого е синоним е синоним за „пластичната“ форма на плаќање по кое компанијата е најдобро позната.
Способноста да се плати за работи со дебитна картичка или со паметниот телефон наместо во кеш е еден вид на чудо. Скоро целата човечка историја, и во многу делови во светот сепак, економиите се градат врз основа на премисата на физички медиуми на размена. Но, ако е како што предвидува Џим Мекарти, шефот за иновации во „Visa“, токму кредитните картички ќе исчезнат.
„Магијата на „Uber“ и „Amazon“ предизвика плаќањето да исчезне“, изјави на „Wired Business Conference“ во Њујорк.
Се разбира, Мекарти сака „Visa“ да остане во центарот на екосистемот на плаќање, дури и ако плаќањето од страна на потрошувачите стане помалку видливо. А за да се случи тоа, „Visa“ се фокусира да им олесни на технолошките компании како што се „Apple“ и „Samsung“ да ги користат услугите на „Visa“.
Како пример, кога ќе видите нешто како „Apple Pay“ или „Samsung Pay“, софтверот создава единствен број на картичка за секој од вашите уреди. Ако имате „iPhone“, „Samsung Gear“ часовник и дебитна картичка, секој од нив има уникатен број на картичка поврзан со вашата банкарска сметка. Ако една од вашите картички е компромитирана, може да се создадат нови броеви за уредите во позадина, а вие никогаш да не дознаете за дома.
На крајот, тоа може да значи крај за рачното менување на бројот на кредитната картичка со секој различен уред секој пат кога ќе добиете нова картичка.
За да се реализира сето тоа, апликациите за плаќање мораат да комуницираат со серверите на „Visa“ за генерирање и процесирање на броевите од картичките. Не е тешко да се замислат порадикални сценарија, како способноста да влезете во продавница, да земете што сакате и да не се грижите за целиот процес на исплата. А кога тоа конечно ќе се случи,
„Visa“ сака да биде таму и да се погрижи сите покомплицирани активности на испраќање и примање на пари да изгледаат многу полесно.