X
 16.12.2024 Технологија

„Гугл“ ја предизвика иднината - нов чип за 5 минути го решава она што компјутерот би го работел вечно

„Гугл“ најде начин да го реши главниот проблем на квантните чипови и да ја намали нивната стапка на грешки, па се очекува новиот чип да има големо значење во науката, медицината и финансиите.

Акциите на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“, пораснаа за околу 5 отсто по претставувањето на чипот од следната генерација, за кој компанијата тврди дека помогнал да се надмине клучниот предизвик во квантното пресметување.

„Гугл“ го претстави новиот чип наречен „вилоу“ кој за пет минути успеа да реши проблем за кој на класичниот компјутер ќе му треба премногу време.

Големите технолошки компании го туркаат квантното пресметување со надеж дека ќе развијат системи кои работат со брзина многу поголема од традиционалните компјутери базирани на силиконски чипови.

Според тврдењата на „Гугл“, компанијата нашла начин да ги поврзе кубитите (основна единица на квантна информација), така што стапката на грешка се намалува како што се зголемува нивниот број, додавајќи дека може да ги коригира грешките во реално време. Новиот чип „вилоу“ сè уште нема практична примена, но може да има големи импликации за науката, медицината и финансиите во иднина.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија