X
 10.02.2018 Технологија

Кинеската полиција фаќа криминалци со помош на паметни очила


Кинески полицаец
(Фото: Getty images)


Кинеската полиција почна да користи очила кои се опремени со технологија за препознавање лица.

Како што пишуваат кинеските локални медиуми, очилата се тестираат на железничките станици во Џенгџоу, каде што ќе се користат за скенирање на туристите во пресрет на кинеската Нова година.

Се работи за период на екстремен метеж кој често се опишува и како период на најголема миграција на Земјата.

Полицијата соопшти дека досега, благодарение на очилата, се уапсени седуммина осомничени за извршување тешки кривични дела, но и 26 лица што патувале под лажен идентитет.

Од компанијата што ги произведува овие очила наведуваат дека во соработка со локалната полиција успеале да развијат технологија која ги задоволува нивните барања и потреби.

Кина веќе подолго време вложува во напредните технологии за следење и развој на вештачка интелигенција која овозможува идентификација на лица, но и нивно дигитално следење, пишува The Verge.

Според некои процени, оваа земја до 2020 година ќе има повеќе од 600 милиони безбедносни камери.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија