X
 06.08.2016 Живот

Лекции кои децата не ги учат на училиште, а се потребни во животот

Денешното образование во нашата земја, а и во странство, често е ориентирано кон меморирање и учење напамет, а не некои практични вештини кои на децата им се потребни во текот на животот.

За ова не се виновни наставниците, бидејќи колку и да се трудат сето ова да го изменат. Виновен е системот, некомпетентноста и недостатокот на желбата да се гледа малку подалеку од веќе воспоставените модели. Затоа, училиштата треба да ги воведат следните неколку лекции за децата да ги научат.

1. Управување со времето

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат учениците, студентите и возрасните е недостатокот на времето за она што сакат да го направат. Неуспехот не е секогаш резултат на мрзеливост или недоволна интелигенција, туку незнаењето како човек да го организира сопственото време. Оваа вештина треба да се изучува како вистинска наука. Најчесто грешките кои луѓето ги прават кога се организираат е тоа што започнуваат премногу работи истовремено или се преоптеретуваат или пак оставаат работи за последен момент. Ако се научат децата на одредени навики како на пример подобра организација, тогаш би имале многу успешни луѓе. Дури и на самите наставници би им користело да ја совладаат оваа вештина.

2. Готвење и домаќинство

Денешните луѓе се' помалку готват. Причината воглавно е недостатокот на време, но подоцна човек паѓа во маѓепсан круг. Родителите кои немаат време, не ги учат своите деца да готват, па подоцна кога тие сами сакаат да готват, не знаат. Знаеме дека готвењето е здраво и економски исплатливо, па не би било лошо кога децата би ги совладале основните вештини на готвењето.

3. Борба со законите и бирократијата

Не постои човек кој не го изгубил трпението доставувајќи различни документи, тужби, молби и слични барања на бирократските служби. Бирократијата има свои правила, а обичниот граѓанин воопшто не е упатен. Затоа, кога одиме во општина и поднесуваме барање за социјална помош, легализација на куќата или нешто слично, за нас тоа е вистински кошмар. Постојано ви бараат нови документи, а вие не знаете што и како сето тоа да го направите.

Истото се однесува и со познавањето на законот. Нема секој пари да ангажира адвокат за секоја мала работа, но не знае како да се справи со ситните законски енигми. На пример, што да правите ако работодавачот ви даде договор за прекин на работата или како да поднесете барање за социјална помош итн. Не само што не сме свесни кои се нашите права, туку и не знаеме да се избориме за нив.

4. Вештини на учењето

За успех во животот секогаш е добро да имате вештини кои се бараат на пазарот. Стекнувањето на овие вештини за некој е лесно, а за некој потешко. На американските универзитети веќе постојат часови за техники на учењето.. Сите овие техники се базирани на резултатите од психолошките истражувања, такашто и од најголем мрзливец можат да создадат експерт. За жал ваквите лекции ги нема кај нас.

5. Штедење пари и управување со пари

Зошто и кога се зема кредит, што е инфлација и како да се избегнат замките на претерано трошење се вештини кои се неопходни за живот, а многу луѓе ги стекнуваат тогаш кога е предоцна.

6. Чување на менталното здравје

Многу луѓе денес патат од стрес и депресија поради премногу работа, сиромаштија и проблем. Подготовката на децата од напред за овие ситуации во голема мера може да им го олесни живот.

7. Критичко размислување и пребарување на информации

Децата треба да учат дека не треба да веруваат во се' што ќе прочитаат и не секогаш она што го кажуваат експертите е точно. Денес се зборува едно, а утре ќе излезе дека е друго. Затоа децата треба да се учат сами да го развиваат своето мислење и да бараат веродостојни информации независно од експертите, интернетот и телевизијата.

8. Програмирање

Наскоро нема да биде доволно познавање само на основните функции на компјутерот и програмите за обработка на текст и табели. Во некои основни училишта на Западот сите деца започнуваат да учат да програмираат. Едноставните операции ќе ги извршуваат роботите, а луѓето ќе мораат да работат посложени задачи. Затоа, децата треба да бидат подготвени навреме.

9. Основите на прва помош и лична заштита

Замислете дека сте сведок на сообраќајна несреќа. Што би направиле за да ѝ помогнете на повредените? Дали знаете како да го запрете крвавењето и да им помогнете на било каков начин? Ако одговорот е да, тогаш веројатно оваа вештина не сте ја стекнале на училиште. Децата треба да знаат не само како да помогнат за време на несреќа, туку и како да се спасат себеси од опасни ситуации.

10. Здрав живот


Се' повеќе отрови се околу нас, а поединецот не знае како да ги избегне. Сите компании за себе тврдат дека произведуваат здрава храна, но како да знаеме дека тоа е вистина? Залудно е тоа што на производите ги пишува состојките и начинот на подготовката кога не знаеме да ги толкуваме. Затоа би било корисно на училиште да се учи разликата на здравите од нездравите активности, се' во согласност со научните откритија.

11. Бегство од рекламите


На сите нам би ни било од корист еден курс по здрав разум. Сите често подлегнуваме на рекламите, каде нас не' убедуваат дека ќе бидеме посреќни, поздрави и поубави ако купиме одреден производ. Тоа секако не е точно, туку целта е да не' навлечат да го купиме нивниот производ. Рекламите се насекаде околу нас и тешко е да се избориме со нив. Децата треба да научат дека не треба да им веруваат, туку да размислуваат рационално.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот