Владите низ светот сè уште се обидуваат да сфатат што да прават со криптовалутите. Ова е актуелна тема во последниот период, а уште поинтересно е тоа што на самиот почеток на ЗОИ беше најавено дека спортист од Канада ќе биде исплатен во криптовалути.
фотоизвор: YouTube
Канадскиот лизгач Тед Џен Блоемен потпишал едногодишен договор за спонзорство со социјална мрежа за криптовалути. Традиционално, спортистите на олимпијадите добиваат пари за својот настап, како и договор за спонзорство, но ова е прв ваков договор.
Спортистот објаснил дека смета оти нема ризик да не добие ништо. Вели дека овој вид спонзорство е забавно бидејќи си помагаат едни на други – тој ќе ѝ помогне на компанијата што го спонзорира да се истакне и да успее, а ќе добие придобивки за себе, што е успех за сите.
Нивното партнерство ќе го доближи спортот до корисниците на виртуелната реалност во светот. Инаку,
Тед е роден во Холандија, но се натпреварува за Канада, а на последните светски шампионати има освоено 4 медали.