X
 21.02.2018 Технологија

Овие големи технолошки настани нѐ очекуваат во 2018 година



Илустрација: Човечка рака допира транспарентна топка во која е впишано „2018“
(Фото: Pixabay)


Технологијата сè повеќе навлегува во нашиот секојдневен живот. Паметните звучници и „гласовни асистенти“ ни овозможуваат непречена интеракција како во домовите така и на работните места. Паметните телефони стануваат вообичаени „алатки“ кои ни помагаат при купувањето. Дигиталните платформи сè почесто ги заменуваат телевизорите.

Речиси секоја индустриска гранка во последните 10 години е променета со дигитални технологии. Се очекува дека во 2018 година ќе има уште повеќе такви настани кои ќе влијаат врз нашето работење, нашите кариери и животи.

Како што предвидува „Бизнис инсајдер“, ова се некои од работите што ќе се случат во 2018 година:

* Криптовалутите ќе бидат пошироко прифатени.

* „Гугл“ и „Епл“ ќе го загрозат „Амазон“ на пазарот на паметни звучници.

* Големо враќање на виртуелната реалност на пазарот.

* Ќе има навалица за автономни автомобили.

* Контролата врз дроновите ќе попушти.

* „Алибаба“ ќе доживее меѓународна експанзија.

* Генерацијата „З“ ќе стане главна целна група за медиумските компании и огласувачи.

* Безбедноста при плаќањата ќе биде од најголема важност.

* Паметните куќни апарати ќе почнат масовно да се продаваат.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија