X
 07.10.2021 Живот

Во Шкотска постои клиника за зависници од криптовалути

Тргувањето со криптовалути може да предизвика зависност како дрогата. Ова му е познато на терапевтот Тони Марини, кој работи во „Кестл крег“ во Шкотска, првата клиника за третирање зависници од тргување со криптовалути во светот.

Побарувачката за третмани се зголемила десеткратно во последната година, според Марини, откривајќи дека има многу пациенти кои изгубиле пари затоа што ги загубиле лозинките.

- Не слушаме за луѓето што изгубиле многу пари. Тие се засрамени, чувствуваат вина. Не сакаат да зборуваат за тоа - изјавил Марини.


Фото: Pixabay

Во клиниката се третираат зависници од тргување со криптовалути од 2018 година. Многу пациенти се зависни и од дрога или алкохол, што може да доведе и до зависност од криптовалути.

Марини открил дека најчесто луѓето почнуваат со тргување со криптовалути бидејќи сакаат да купат нешто на темниот интернет и проблемот почнува преку користењето дрога и алкохол.

Во клиниката пациентите може да користат телефон само два часа неделно, а дозволено им е да консумираат само никотин и кофеин, покрај храната и безалкохолните пијалаци.

Извор: Futurism
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот