Ракоплескањето, односно аплаудирањето во животот на возрасните се случува со одреден повод, во специфични ситуации – по завршувањето на одреден перформанс, претстава или друг сличен настан. Всушност, овој акт е начин на покажување одобрување, почит или пофалба и од тој аспект навистина е забавна активност – која неретко ја користат и децата кога покажуваат воодушевување и радост.
Но, од ракоплескањето има низа докажани здравствени придобивки за кои денес ќе зборуваме.
Имено, на секоја дланка се наоѓаат 28 акупунктурни точки, а секоја од нив е поврзана со одреден орган во телото. Со стимулацијата на овие точки може да се влијае врз здравјето. Со плескањето се стимулираат рецепторите на дланките, а постојат и терапии кои се изведуваат на овој начин. Дополнително, со оваа активност човекот се извлекува од пасивност и летаргија.
Еве неколку здравствени придобивки од аплаудирањето:
1. Го јакне имунолошкиот систем
Факт е дека лицата што секојдневно аплаудираат имаат повеќе сила и поотпорен имунолошки систем. Зошто? Затоа што оваа активност ги зајакнува белите крвни зрнца, со што се зголемува и отпорноста кон разни хронични заболувања.
2. Ја подобрува циркулацијата
Со удирање дланка од дланка се поттикнува циркулацијата, а со тоа се спречува и можноста за застој на протокот на крвта низ садовите. Успешно се намалува и нивото на лошиот холестерол. Затоа оваа активност им се препорачува на сите што предолго време седат, како и на лицата што не се потат.
3. Им помага на лицата што имаат низок крвен притисок
Нискиот крвен притисок може да предизвика чувство на слабост и несвестица, но и тука може да помогне ракоплескањето. Станете, подигнете ги рацете во воздух и ракоплескајте колку што можете подолго.
4. Ги ублажува симптомите на болестите на срцето и на белите дробови
Со удирањето дланка од дланка се поттикнува протокот на крв, со што се зголемува нивото на кислород, а тоа може да ублажи многубројни тегоби поврзани со срцето и со белите дробови. Освен тоа, докажано влијае и врз проблемите предизвикани од астма.
5. Корисно е и за артритис и гихт
И на повозрасните лица што страдаат од артритис или од гихт ракоплескањето може да им помогне затоа што ги смирува болките и тегобите.
6. Го намалува проблемот со видот
Иако звучи неверојатно, еден 76-годишен Индиец тврди дека токму со терапијата со ракоплескање го излекувал глаукомот. Како што наведува тој, секое утро плескал со рацете по половина час и по една година неговиот глауком исчезнал. Се разбира, ова медицината сè уште не го докажала.
7. Помага при тегоби со варењето
Наводно плескањето е многу корисно за лицата што имаат тешкотии со варењето, како што се гастритот и желудочните киселини.
8. Го изострува умот
И за крај, едно истражување спроведено во Израел покажало дека аплаудирањето влијае врз изострувањето на умот, особено во комбинација со пеење. Откриено било дека и децата имале поуреден ракопис и помалку правеле грешки при пишувањето затоа што ракоплескањето ги подобрува и моторичките и менталните вештини. Освен кај децата, дејствува и кај повозрасните лица, така што активира поголем дел од мозокот.
Упатство за ракоплескање?
Не постојат строги правила, но најдобро е да се ракоплеска во утринските часови, во траење од 20 до 30 минути. Плескањето треба да се врши правилно, што значи со исправени дланки така што сите точки од дланките да се допираат. Рацете треба да бидат опуштени. Инаку, здраво лице во текот на еден ден може да ракоплеска и до 1.500 пати.