X
 28.11.2017 Живот

Зошто луѓето аплаудираат кога авионот ќе слета?

Сигурно сте забележале дека некои луѓе аплаудираат кога авионот ќе слета. Зошто се случува тоа? Има многу психолошки и културолошки причини:

1. Човечки инстинкт за преживување

Според експертот за говор на телото Џуди Џејмс, некои луѓе едноставно мора да аплаудираат кога авионот ќе слета. Се работи за момент на „преживување“, односно бидејќи моментот на слетување се смета за опасен, човекот е под стрес и кога авионот ќе слета и ќе застане, се ослободува од стресот и се враќа во нормала, па аплаудирањето е реакција на таквото чувство.

2. Крај на шоуто


Летањето со авион е интересно искуство, а слетувањето се смета како крај на тоа искуство. Со оглед на тоа дека има капетан кој ни се обраќа, патниците често имаат чувство дека се дел од театарска претстава, на пример. Па како и на крај од претстава, и на крајот од слетувањето некои луѓе имаат потреба да аплаудираат како знак за награда и задоволство.

3. Културолошка работа

Луѓето од одредени земји повеќе аплаудираат од другите. На пример, луѓето од Романија и од Русија имаат најголема потреба од вакво нешто, а тоа е поврзано со нивната историја. Романците аплаудираат поради недостигот на образование, особено она што е поврзано со летањето. До 1989 година, кога се случувала револуција во земјата, само на неколку Романци им било дозволено да ја поминат границата, па летањето со авион било слично како летање со спејс-шатл.

4. Дали практиката изумира?

Аплаудирањето, сепак, почесто се случувало порано. Според Џуди Џејмс, тоа е поради 2 причини – прво, луѓето денес се чувствуваат побезбедни, а второ и најмногу поради тоа што не изгледа пријатно и културно бидејќи аплаудирањето остава впечаток дека првпат се возите со авион, а денеска авиосообраќајот е еден од најчестите начини за транспорт.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот