X
 26.02.2016 Живот

Зошто постојат престапни години?

Една календарска година најчесто трае 365 дена, но оваа година, таа има 366 дена, исто како и 2012, 2008, 2004, 2000, 1996, 1992, 1988... Се работи за престапни години кои имаат дополнителен ден во календарот кој се зема како 29 февруари. Тоа е позната пракса, а причината за нејзиното постоење е помалку позната.


Како корисници на соларниот календар, го користиме Сонцето за да ја одредиме должината на годината, како и почетокот на годишните времиња. Сончевата позиција на небото во текот на годината варира, се зголемува и паѓа и заминува на југ како што се приближуваме кон зимата, односно кон север како што се приближуваме кон летото, барем кога станува збор за северната хемисфера.

Кога станува збор за прецизното мерење на соларната година ја користиме пролетната рамноденица. Од една до друга рамноденица поминува 365 дена, пет часа, 48 минути и 45 секунди. Циклусот се заокружува на 365 дена и 6 часа, иако грчкиот астроном Хипаркус уште пред 2.000 години сфатил дека ова е непрецизно.

Како би се сместиле во календарот и оние „вишок“ 6 часа, одлучено е секоја четврта година да се додава по еден ден со оглед на тоа што 6 х 4 = 24, што претставува времетраењето на еден ден. Календарот со престапни години, односно Грегоријанскиот е воведен во 1582 година.

Со заокружувањето на изгубени 6 часа годишно се занемаруваат 11 минути и 14 секунди секоја година. Ова време ќе се претвори во еден изгубен ден за 3.000 години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот