X
 14.02.2018 Живот

ИДЕАЛЕн спој за задоволство

Навидум едноставните задоволства како што се шолја добро кафе или чаша вкусно вино се всушност убавината на животот.



Постојат три главни причини зошто е така:

Се уживаат бавно

Во светот каде што сме поразлични од кога било, кога се движиме побрзо од кога било и сме технолошки поврзани повеќе од кога било, кафето и виното нè балансираат бидејќи тие се наменети да се пијат бавно и да се уживаат бавно.

Сами или во друштво, виното и кафето предизвикуваат да се радуваме во моментот. Нема ништо поубаво и поспокојно од тоа да забавиме малку. За миг да уживаме во кафето, да уживаме во љубениот, да уживаме со пријателот.


Искористете го не само денешниов ден туку и секој друг ден да споделите љубов, да споделите емоција, да почувствувате близина... со кафе подготвено со љубов. Кафето Идеале ќе ви го овозможи ова доживување, затоа што е единственото „љубовно кафе“ што ги поврзува сите луѓе. Идеале е направено со љубов и за љубов, затоа што посакуваме сѐ во Вашиот живот да биде проткаено со ЉУБОВ и со ИДЕАЛЕ.

Градат врски

Позната ни е изреката дека кафето е највкусно кога се пие во пар или во друштво. И кафето и виното најубаво се уживаат со други луѓе. Речиси секогаш кога се среќаваме со пријателите посегнуваме по шолја кафе или чаша вино. И кафето и виното се градители на односи бидејќи тие се активности што се случуваат меѓу луѓето, а не само обични пијалаци што ги консумираат луѓето.

Почувствувајте ја сласта на кафето Идеале и ќе дознаете што сè нуди. Идеале е момент кој нуди можности, можности за импресија, друштво, емоции, љубов.

Се покажа дека социјалната врска е најголем индикатор на целокупната среќа, а исто така е од витално значење за нашето здравје. Само размислете колку односи се развиени или продлабочени преку кафе или вино.

И кафето и виното се здрави пијалаци

Секако, во умерени количини. Но, студиите покажаа дека и кафето и виното имаат здравствени придобивки кога се земаат умерено (2-4 чаши од 8 мл кафе дневно, 1 чаша од 5 мл црвено вино дневно за жени, 1-2 чаши црвено вино дневно за мажи). Кога се консумираат во овие количини, се покажало дека кафето и виното го зголемуваат животниот век, го подобруваат протокот на крв, го намалуваат ризикот од болести и го намалуваат ризикот од депресија.

Еве еден интересен пример, грчкиот остров Икарија на ниво на свет е место каде што живеат најголем процент на луѓе со навршени 90 години, каде што има значително пониски стапки на рак, срцеви заболувања и деменција. Тука луѓето секојдневно пијат вино и кафе и остануваат активни и ментално остри до самиот крај на нивниот живот.

Ако не сте љубител на вино или кафе, тоа не значи дека веднаш треба да станете, но ако сте – тогаш значи дека треба да се чувствувате добро поради тоа.



А доколку ја славите љубовта, тогаш кафето Идеале е резервирано за вашата љубовна емоција, за вашата емотивна приказна. Затоа што и Идеале е дел од светот на љубовта, Идеале е кафе направено со срце и за љубов.

Започнете ја или продолжете ја љубовта со голтка Идеале! Не само денес, во секој момент.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот