X
 29.11.2019 Живот

Работа од соништата за зима - пиење ирско кафе низ Њујорк

Љубителите на кафе знаат дека не постои ништо подобро од убаво, врело ирско кафе во студена ноќ. Кога би можеле, би ја поминале цела сезона пиејќи го овој пијалак.

За среќа, имаме одлична вест за љубителите на кафе. Совршената зима е неколку клика оддалечена од вас.

Веб-страницата Reservations.com бара судија кој ќе има задача да го открие најдоброто ирско кафе во Њујорк, вели соопштението на компанијата на својот блог. Лицето што ќе биде ангажирано за работа ќе работи во текот на декември и ќе ги испроба врвните барови и ресторани во Њујорк и ќе го даде своето стручно мислење за ирско кафе.

Многу компании го користат овој метод за ангажирање привремени рецензенти за промовирање на нивниот бренд. Така, на пример, „Гинис“ ангажира рецензент за пиво за да го вкуси најдоброто пиво. И „Дизни“ објави работно место за рецензент за филмови кој ќе изгледа 30 филма за 30 дена.

За оваа работна позиција кандидатот ќе посети осум избрани барови и ресторани помеѓу 10 и 17 декември. Во секој од нив ќе треба да порача едно или две ирски кафиња за да може да напише рецензија. Додека го пие пијалакот, едноставно треба да ја „впие“ атмосферата и да фаќа белешки.

Откако ќе биде подготвен, тој ќе треба да напише извештај од 300 збора за секое ирско кафе и да ги рангира тие што му се омилени. Треба да се напомене дека компанијата бара посета на баровите во различни денови. Рецензијата на кандидатот ќе се појави на Reservations.com.

Кандидатите мора да имаат над 21 година и законски да се овластени да работат во САД. Среќниот кандидат ќе добие 500 долари за пијалаците и храната, а за патувањето и пишувањето ќе добие 1.500 долари.

Ако сакате да аплицирате, напишете есеј од 150 до 200 збора опишувајќи го вашиот омилен пијалак и пополнете го онлајн-формуларот на Reservations.com. Апликациите се отворени до 1 декември, а победникот ќе биде објавен на 2 декември.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот