Само пушачите знаат колку е тешко да се престане да се пуши и како лажните изговори брзо започнуваат да се множат низ главата додека телото почнува да чувствува недостаток од никотин, кога се станува нервозен, кога не може да се задржи концентрацијата итн
Ниту еден пушач не сака да слушне дека пушењето предизвикува дури 12 видови рак, а 48% од сите ракови предизвикани од пушењето завршува со смртни последици. Да, некои експерти велат дека би ни било полесно да се откажеме од цигарите.
Како што велат медицинските податоци од „
Healthbolt“, освен тоа што крвниот притисок се враќа во нормала за 20 минути од последната цигара, а за 8 часови се стабилизира кислородот во телото, за 48 часови целиот никотин го напушта нашиот организам. Тогаш започнува спорото заздравување на човековиот организам. Можеби чекањето е долго, но се исплати.
Штетните последици од годините пушење не може да се избришат за неколку дена. За подобра визуелизација и за мотивација за престанување, покажуваме што ќе му се случува на вашето тело во процесот на откажување.
За 20 минути - крвниот притисок ќе се врати во нормала.
За 8 часови - Јаглерод диоксидот во крвотокот ќе се намали за двојно, а кислородот ќе се нормализира.
За 48 часови - Шансата за добивање срцев удар ќе започне да се намалува и целиот никотин ќе го напушти телото. Чувството за вкус и мирис ќе се врати во нормала.
За 72 часови - Бронхијалните цевки ќе се опуштат, а енергијата во телото ќе се зголеми.
За 2 недели - Циркулацијата ќе се поправи, ќе биде уште подобра во следните 10 недели.
За 3-8 месеци - Проблемите со кашлањето, потешкото дишење и дишниот состав ќе се намали бидејќи капацитетот на белите дробови ќе се зголеми за 10%.
За 1 година - Ризикот за добивање срцев удар ќе се намали двојно.
За 5 години - Ризикот за добивање мозочен удар ќе биде ист како и кај непушачите.
За 10 години - Ризикот за добивање рак на белите дробови ќе биде ист како кај непушачите.
За 15 години - Ризикот за добивање срцев удар ќе биде ист како и кај непушачите.