X
 30.12.2017 Живот

Младенците во Словенија ќе можат да се венчаат без кумови

Присутноста на кумовите на церемонијата за склопување брак досега беше задолжителна со закон, но законодавецот го прифати толкувањето дека нивната класична улога, како потврдување на идентитетот на младите, во современото општество е непотребна.


Младенците во иднина пред началникот на општината, кој ќе биде во функција на матичар, ќе може да се идентификуваат исклучиво со лични документи, а кумовите како сведоци ќе бидат на церемонијата само ако младите го сакаат тоа.

Новиот закон првпат ја предвидува можноста за склопување предбрачен договор, со кој се регулираат имотните односи на сопружниците, со потпишувањето на заедничките изјави со кои се одредува кој ќе ја презема грижата за децата во случај на смрт или трајна неспособност.

Новиот закон ќе стапи во сила на почетокот од наредната година, наведуваат порталите во Словенија.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот