Знаеме дека оптимизмот е добар и за физичкото и за менталното здравје. Но, се чини дека како што старееме, оптимизмот опаѓа. Дали е тоа вистина?
Претходните истражувања покажаа дека „розовите очила“ што ги носиме во младоста, односно оптимизмот подоцна во животот прераснува во цинизам. Но, најново истражување покажува дека оптимизмот, како што растеме и старееме, сепак се зајакнува.
Истражувањето спроведено на 1.000 волонтери од 26 до 71 година покажало дека луѓето во постари години се попозитивни, а најмногу во 55-тата година од животот. Исто така, истражувањето покажало дека позитивните случки во минатото влијаеле врз пооптимистичниот став во текот на животот, додека негативните случувања сепак немале толкаво влијание врз појавата на песимизам.
Сепак,
научниците велат дека нивото на среќата на едно лице зависи од многу фактори, а материјалната ситуација, здравствената состојба и самиот факт каде живее човекот придонесуваат за тоа.