X
 28.12.2019 Култура

Ѕирнете во овој ресторан инспириран од филмот „Интерстелар“

Постојат луѓе што одново и одново гледаат еден ист филм, но малку луѓе секојпат кога сакаат да го видат филмот би отишле на кино. За среќа, живееме во совршено време за зависници од филмови. Притоа не мислиме на стриминг-платформите, туку на нови начини на експлоатација на светот на кинематографијата.

2
Фото: Jaime Navarros


Она што е уште посовршено е дека постои вистинско место каде што е возможно повторно да ги доживеете вашите омилени филмови. И тука не зборуваме само за забавни паркови. Овој ресторан „Интерстелар“ во Мексико е одличен пример. Одличен начин да ги приближиме нашите секојдневни животи до неверојатната фикција.

3
Фото: Jaime Navarros


Ресторанот „Интелстелар“ одлично им приближува научната фантастика до своите гости. Осветлен е со 250.000 ЛЕД-светилки и гостите што го посетиле велат дека се чувствувале како да се во вселената.

4
Фото: Jaime Navarros


Зад овој дизајн стојат „Алмазон и архитектос асоциадос“, „Концепто талер де архитектура“ и „Пин студио“.

5
Фото: Jaime Navarros

Ресторанот од 200 квадратни метри е преполн со светла и ви дава чувство како да сте во вселената. Освен тоа, тука се и книгите што висат од таванот (закачени со специјални конци) што симулираат отсуство на гравитација.

5
Фото: Jaime Navarros

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура