X
 21.05.2019 Култура

Што мисли Стивен Кинг за финалето на „Игра на троновите“?

Стивен Кинг, мајсторот за хорор-приказни, е голем обожавател на „Игра на троновите“. Тој го сподели своето мислење на твитер-профилот пред финалето на оваа епизода, што предизвика многубројни реакции на социјалните мрежи.

- Пред вечерашната епизода на „Игра на троновите“, голема благодарност до Џорџ Р. Р. Мартин, Дејвид Бениоф и Ден Вајс за создавањето 8 сезони магична фантазија и човечка драма. Малку серии може да се наречат револуционерни. Оваа е една од нив. Момци, закон сте - напиша Кинг пред прикажувањето на последната епизода од серијата, а потоа го даде својот коментар, споделувајќи ја објавата на Скот Вон Довиак, која гласи:

- Не ме интересираат претпродолженијата, но веројатно би го гледал „Арија: Западно од Вестерос“ - на кое Кинг го додаде својот коментар: - И јас.

Кинг и претходно имаше изјавено дека осмата сезона го воодушеви, иако се најде на удар на многу критики.

- Мислам дека тоа е само затоа што луѓето не сакаат да заврши. Но, знаете како се вели: „На сите добри работи...“ - напиша претходно.

На инстаграм-профилот на Емилија Кларк, пак, актерката се збогува со серијата и ги расплака фановите.

Пред прикажувањето на последната епизода таа објави емотивна порака на која фановите не останаа рамнодушни.

- Додека барав зборови за пишување на овој пост, останав затекната од фактот колку работи сакам да кажам, а колку зборовите малку влијаат во споредба со она што оваа серија и Дени ми значат мене.

Поглавјето „Мајка на змејовите“ беше присутно и го презеде целиот мој живот како возрасна личност. Оваа жена го зазеде целото мое срце. Се потев во огнениот пламен на змејовите, плачев по оние што порано си заминаа од нашето семејство, и мајсторски се обидував да ја одглумам Калиси и неверојатните зборови, дела (и имиња) што ги добив.

„Игра на троновите“ ме обликуваше како жена, како актерка и како човечко суштество. Само посакувам мојот драг татко да беше тука да види колку далеку летнав. Но вам, драги, љубезни, магични фанови, ви се заблагодарувам на вашето постојано следење на она што го создадовме и она што го направив со ликот што веќе беше во срцата на многумина пред јас на себе да ја ставам платинестата перика на соништата. Без вас нема нас.

А сега, нашата стража заврши - пишува Кларк на нејзиниот инстаграм-профил.

View this post on Instagram

Finding the words to write this post has left me overwhelmed with how much I want to say but how small words feel in comparison to what this show and Dany have meant to me. The mother of dragons chapter has taken up the whole of my adult life. This woman has taken up the whole of my heart. I’ve sweated in the blaze of dragon fire, shed many tears at those who left our family early, and wrung my brain dry trying to do Khaleesi and the masterful words, actions (and names) I was given, justice. Game of Thrones has shaped me as a woman, as an actor and as a human being. I just wish my darling dad was here now to see how far we’ve flown. But to you, dear kind magical fans, I owe you so much thanks, for your steady gaze at what we’ve made and what I’ve done with a character that was already in the hearts of many before I slipped on the platinum wig of dreams. Without you there is no us. And now our watch has ended. @gameofthrones @hbo #love #motherofdragonsoverandout

A post shared by @ emilia_clarke on

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура