Јапонска компанија за тргување со криптовалути сега се бори со еден корисник кој купил биткоини вредни 20 трилиони долари, а за
нула долари.
Проблемот изгледа прост – мала грешка во системот за наплаќање му овозможила на купувачот за неколку минути да ги купи биткоините за нула долари. Не треба да се споменува дека многу корисници се обиделе тоа да го злоупотребат, а на еден му успеало, па купил биткоини со неверојатна вредност од 20 трилиони долари.
Се разбира, трансакцијата набрзо била прогласена за неважечка, но е пример за она за кое предупредуваат аналитичарите – кое регулаторно тело би требало да „излезе во пресрет“ на решавањето на ваквите проблеми?