Фото: Getty Images
Инвестирањето во криптовалутите како што е биткоинот е егзистенцијално искуство. Добивате неверојатни издигнувања и вртоглави падови. Откако достигна рекордна вредност од 20.000 долари во декември, цената на биткоинот доживува вистински подеми и падови. Во изминатиот викенд се зголеми до 11.440 долари, што всушност претставува закрепнување од нискиот пад на само 6.000 долари минатиот вторник.
И вредноста на другите криптовалути опаѓа и се подигнува низ месеците. На 2 февруари над 100 милијарди долари исчезнале од глобалниот криптовалутен пазар, во период од 24 часа. Продажбата била предизвикана од загриженоста дека цените на дигиталните валути биле вештачки зголемени.
Некои аналитичари не се премногу загрижени за таквата нестабилност и ја гледаат како природен циклус на криптовалутниот фонд. Всушност, Том Ли од „Фандстрат глобал адвајзорс“ предвидува дека до јули 2018 година биткоинот повторно ќе достигне 20.000 долари, а можеби и 25.000 долари до крајот на годината. Според претходните перформанси, на биткоинот му се потребни околу 85 дена да се врати по период на заостанување.
Виталик Бутерин, основач на криптовалутата етериум, предупредува дека ваквите валути не се најдоброто нешто во кое треба да ја вложите вашата заштеда бидејќи се нови и хипернестабилни, со можност да паднат на речиси нула. Наместо тоа, традиционалните средства сè уште се најбезбедната инвестиција.
Табелата од „Коинбејс“ го покажува патувањето на биткоинот во изминатава година:
Фото: Coindesk
На почетокот од февруари големите банки како Банката на Америка, ЏП Морган, Ситигруп и Лојдс од Велика Британија ја запреа дозволата за купување криптовалути со кредитни картички.
Додека големите банки може да се непријателски настроени кон дигиталните валути, нивниот просперитет ќе се одвива и ќе тече со циклусот на вести и други фактори. Како се одредува цената на криптовалутите како што е биткоинот?
Цената на биткоинот треба да биде одредена само преку понудата и побарувачката, како што е случајот со вообичаените акции, но како што вели Јен Веснер од магазинот „Форчн“, биткоинот е погоден од рекламата и публицитетот. Другите акции не се погодени од тоа.
Она што публицитетот го прави е ненадејното привлекување инвеститори, што прави цената на акциите на биткоините брзо да се зголеми, привлекувајќи повеќе луѓе додека не стигне до точка каде што цената станува пренагласена и се приспособува. Биткоинот следи модел на рекорден раст и издигнувања со подеми и падови.
Друг ефект врз цената доаѓа од фактот што биткоините дигитално се ископуваат. Постои потенцијално ограничување на тоа колку биткоини можат да бидат ископани. Од самиот почеток биле произведени околу 16,5 милион биткоини. Во одреден момент, кога ќе достигнат 21 милион, нема да има повеќе биткоини. Ова може да создаде недостиг од биткоини, што значи потенцијално зголемување на нивната цена.
Шпекулирањето за тоа дали цената на криптовалутата ќе се зголеми е атракција за купувачите. Друг начин за правење (или губење) пари на дигитална валута е преку иницијална понуда на пари (ИПП), што е метод за фундирање на криптовалути, обезбедувајќи капитал за стартување на крипто стартап-компании.
За разлика од ИЈП (иницијална јавна понуда), кога акциите на компанијата им се продаваат на инвеститори, инвеститорите на ИПП ги купуваат „токените“ на компанијата. Овие токени можат да се зголемат во вредност ако криптовалутата или компанијата која е финансирана е успешна. Откако ќе се реализира целта на ИЈП, токените треба да станат функционални единици на валути.
За инвеститорите, ИПП може да биде опасна поради недостигот на регулатива. Стартап-компаниите се во можност да ги заобиколат многуте постапки за прибирање
финансиски средства потребни како дел од ИЈП и вредноста на ИПП може произволно да се одреди. Ова може да доведе до високи вреднувања и честопати прекумерна капитализација на валутата. Експертите исто така предупредуваат дека инвеститорите треба да имаат техничка експертиза и да обезбедат доволно информации пред да инвестираат во ИПП.