X
 30.10.2018 Живот

Биткоинот ја загрозува борбата против глобалното затоплување, тврдат научници

Побарувачката за биткоини би можела да ги поништи глобалните напори за ограничување на глобалното затоплување бидејќи се потребни огромни количини енергија за производство на оваа дигитална валута, предупредија научници.

Производството на биткоини, за кои има зголемена побарувачка, во 2033 година би можело да ја поништи целта за ограничување на  глобалното затоплување за 2 Целзиусови степена во споредба со прединдустрискиот период, се нагласува во американско истражување објавено во списанието „Нејчр клајмат чеинџ“.

Но, за т.н. рударење, односно производство на биткоини со решавање математички равенки, потребни се моќни компјутери кои трошат многу енергија, предупредуваат научниците.

- Во моментов емисиите на штетни гасови од сообраќајот, домувањето и од производството на храна се сметаат за главни двигатели на климатските промени - изјави коавторот на студијата, Кејти Таладеј.

Ова истражување покажува дека на листата треба да се додаде и биткоинот, се наведува во студијата.

„Копањето“ на таа валута е профитабилна работа. Еден биткоин денес се продава за околу 6,3 илјади долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот