X
 26.02.2018 Технологија

СИМ-картичките одат во историјата


СИМ картичка
(Фото: Thinkstock)


Замената за СИМ-картичката ќе биде интегрирана директно во процесорот затоа што зазема помал простор дури и од технологијата eSIM, каква што користи паметниот телефон на „Гугл“, „Pixel 2“, и паметниот часовник на „Епл“, „Watch 3“.

Концептуално, iSIM не се разликува драстично од eSIM, но е радикално помала.

Додека eSIM зазема површина во внатрешноста на паметниот телефон од 6х5 мм, iSIM може да се смести на површина од 1х1 мм.

Воведувањето на iSIM би можело да ослободи место за повеќе РАМ-мемории или поголема батерија во паметните телефони, но и во преносните уреди и таблетите.

На таквите картички, во теорија, би требало да биде возможно побезбедно складирање контакт-податоци, поставки од операторите и други корисни податоци и синхронизирање со складиштата на компјутерските „облаци“.

Освен тоа, корисниците не би морале повеќе да се оптоваруваат со употребата на традиционалните СИМ-картички, производителите би имале помали трошоци, бидејќи не би морале повеќе да ги произведуваат, додека уредите би можеле да станат поотпорни на влијанието на влагата и прашината.

Сепак, се чини дека новата технологија прво би заживеала во уредите од доменот на IoT, пишува „Tech Radar“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија