X
 22.02.2018 Технологија

„Мајкрософт“ планира да го исфрли од употреба маусот

„Мајкрософт“ сака да го отстрани компјутерскиот маус и да го замени со паметно пенкало. Технолошкиот гигант веќе подготви патент со кој се овозможува да се користи пенкало за површината на екранот кое ќе има иста улога како маусот што го користиме.


На пенкалото ќе има опција за зумирање и сите други потребни контроли. Во пенкалото има материјал кој се поврзува со сензор што ги мери електричните промени кои се случуваат кога го допирате.

фотоизвор: Supplied

Во овој уред исто така има можност и за исклучување со цел штедење на енергијата. „Мајкрософт“ не е единствената компанија што развива ваков уред. Неодамна патент поднесе и „Епл“ за 3Д-сензорно пенкало кое овозможува цртање на која било површина.

Во меѓувреме „Самсунг“ го патентира „галакси ноут“ паметен телефон кој вклучува пенкало што се однесува како микрофон и како апарат за анализирање на здивот.

Важно е да се нагласи дека не сите патенти резултираат со појава на производот во јавноста. Но, сепак, даваат фасцинантен увид во она што технолошките компании имаат план да го воведат како иновација и новитет. Моменталните пенкала на „Мајкрософт“ се во 4 бои: црна, бордо, сина и златна. На врвот има и бришач кој може да прави и скриншотови ако се притисне.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија