X
 01.03.2018 Технологија

Кинеската влада ја забрани употребата на буквата „н“ на интернет

впада
Фото: Kremlin

На интернет се појавија известувања дека кинеските власти ја цензурирале буквата „н“ на кинескиот интернет, најмалку еден ден. Забраната произлегува од луѓе што ја користеле оваа буква за да ја критикуваат можноста лидерот Кси Џинпинг да го повтори својот мандат.

Претходно оваа недела кинеската Комунистичка партија предложи актуелниот претседател Кси Џинпинг да остане лидер и ефикасно да го укине двократното ограничување за претседателите и потпретседателите. Предлогот не поминал добро во јавноста, дури и кај оние што го поддржуваат претседателот, како и неговата политика.

Но зошто целта била една буква? Владата не ја потврди, ниту ја негираше акцијата за забрана на буквата. Сепак, постојат голем број докази од корисниците на „Веибо“ и „Вичет“, кои се појавија на „Твитер“, што укажуваат на цензура.

Постојат неколку теории за тоа зошто буквата „н“ е цензурирана на краток временски период. Како и кај другите јазици, кинеските букви често претставуваат нумеричка вредност, како и фонетски звуци. (Слично е како кога алгебрата користи Х за непозната).

kina
Фото: Twitter

Теоријата за забраната

Професорот Виктор Маир од Универзитетот во Пенсилванија е експерт по кинеска култура и лингвистика. Неговата теорија во врска со забраната за „н“ е дека н честопати претставува „н услови за канцеларија“, каде што вредноста на „н>2“.

„Многу луѓе се длабоко вознемирени од овој непријатен пресврт на настаните. Всушност, додека ја проучував Кина, никогаш не сум бил сведок на толку многу спротивставувања на КПК како во последните неколку дена“, вели Виктор.

Освен буквата „н“, биле забранети и кинеските знаци што значат „емигрираат“ или „не се согласувам“. Цензурата отишла толку далеку, што биле забранети мемиња од мечето Вини Пу, што честопати се користело за споредба на Кси Џинпинг со ликот А.А.Милне.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија