Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува
со Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград, Србија.
Со потпишување на Меморандумот за соработка, од Факултетот велат ќе се продлабочи
соработката во образовните и научно-истражувачките активности преку работа на заеднички
проекти, размена на академски кадар и на студенти, размена на искуства во иновативни
методи на предавање, организирање заеднички симпозиуми, работилници и конференции.
„Со овој чин на потпишување на Меморандумот ја потврдуваме нашата соработка со Одделот
за радиациона хемија и физика во Винча, во чиј состав се наоѓа и постројката за индустриска
стерилизација, преку заеднички истражувања во дозиметријата, испитување на храна и
додатоци на храната третирани со јонизирачко зрачење“, вели Димитар Ташковски, декан на
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје.
Од Институтот за нуклерни науки „Винча“ велат дека повеќе од 40 години работат на
стеризилација на медицински садови и конзервација на храна со јонизирачко зрачење.
„Со ФЕИТ сакаме да ја продлабочиме, но и да ја официјализираме, досегашната соработка за
прашања поврзани со радициона стерилизација и конзервација на храната, како и детекција
на храна која била третирана со јонизирачко зрачање. Двете држави имаат обврска, а тоа го
бара и ЕУ, да ја проверуваат храната дали е третирана и доколку е, тогаш тоа мора прописно
да биде означено на пакувањето“, вели професор д-р Мирослав Драмиќанин од Институтот
„Винча“.
Меморандумот ќе овозможи продлабочување на долгогодишната соработка помеѓу двете
институции, посебно во истражување и карактеризација на нови материјали, материјали
третирани со јонизирачко зрачење и нивна примена во индустријата, како и стеризација на
медицински материјал, козметички препарати и додатоци во исхраната.