X
 13.04.2021 Забава

Американец планира да помине 5 години затворен во соба за 5 милиони долари - ќе се снима 24/7 и тоа ќе го продава како уметност

Тим Ц. Инзана ги поминал последните 100 дена заклучен во соба. Притоа тој се снимал 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Тој планира да остане таму до крајот на годината со цел да промовира уникатна понуда.

Инзана изјавил дека ќе се заклучи во празна соба и ќе остане во неа 5 години, а притоа ќе врши пренос од неговиот живот во собата 24/7 на неговиот профил на „Твич“.

Во понудата Инзана ја нуди својата уметност и постојан пренос во живо на купувачи за 5 милиони долари, а доколку има купувачи, тој ќе остане во собата 5 години. Инзана нуди 20 дела по цена од 5 милиони долари. Доколку еден купувач понуди 10 милиони долари, тој ќе остане во собата 10 години.

@stumblr.tv

Day 99 #stumblrtv

♬ original sound - Mr. Tim


Меѓутоа, Инзана додал и дека нема да ги понуди уметничките дела за продажба, но ќе остане во собата и ќе продолжи да се снима доколку добие над 7.000 претплатници и сè додека тој број остане над таа граница, а најмногу 5 години. 

Претплатата за неговиот канал на „Твич“ чини 4,99 долари месечно, а досега на него се претплатени над 100 корисници.

Инзана има 34 години и отсекогаш се интересирал за потенцијалот на преносот во живо. Инзана е сместен во просторија на имот на неговото семејство во која има кревет, кујна и бања. Му биле потребни 2,5 месеца за да го подготви просторот за живот. Неговата свршеница го поддржува и му носи храна.

Автор: Келси Вламис
Извор: insider.com
Фото: Принтскрин/Tiktok
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава