X
 24.07.2019 Живот

Њујоршките полицајци се специјално тренирани како да бидат смешни на социјалните мрежи

Објавени документи од полицијата во Њујорк откриваат дека полицајците се специјално тренирани како да бидат смешни на социјалните мрежи.

Документите откриваат интерна стратегија за „градење и одржување на доверба меѓу полицијата и заедниците на кои таа им служи“. Очигледно, тајната е во споделување на мешавина од фотографии од полииски кучиња и шеги за необични апсења.

Во документите, кои се во форма на слајдови презентирани во 2017 година, има детални инструкции за тоа како најдобро да се направат шеги за секојдневната работа на полицајците, како да ѝ се презентира работата на полицијата на јавноста, како и кои теми треба да се избегнат.

За одредени американски медиуми, овој обид за создавање на позитивна врска меѓу полицијата и заедницата е контрастен со извештајот на њујоршкиот Истражен оддел, кој пишува за 2.495 случаи на тенденциозно одржување ред, а ниеден од нив не е истражен од њујоршката полиција.

Фото: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот