Нискиот квалитет на воздухот може да биде предизвикан од голем број фактори, како што се загадувањето надвор, лош квалитет на градежни материјали и емисии од греење и апарати. Лошиот квалитет на воздухот во домот е поврзан со астма, замор и белодробни болести.
Постојат многу начини преку кои можете да откриете каков е квалитетот на воздухот во вашиот дом. Еден од начините е со користење алатка за проверка на квалитетот на воздухот. Ваквите тестови драстично се подобрија во последниве години и обезбедуваат показател за квалитетот на воздухот.
Во продолжение ви нудиме неколку совети за тоа како да го подобрите квалитетот на воздухот дома.
1. Вентилација
Протокот на воздухот е клучен за добар квалитет на воздухот во вашиот дом. Вентилацијата во вашата куќа ќе го освежи воздухот внатре. Една опција е едноставно да ги отворите вратите и прозорците, но ако живеете во голем град, воздухот надвор може да е непријатен и потенцијално токсичен. Во тој случај изберете дел од денот, или рано наутро или доцна навечер, кога нема сообраќај.
Сепак, најдобрата опција за вентилација е вентилатор што има филтер со чија помош се чисти воздухот од нечистотии. Кујната е најдобрата локација за ваквите вентилатори. Овие вентилатори може да бидат дел од прозорецот или од вратата.
2. Одржувајте го вашиот клима-уред
Клима-уредите навистина можат да помогнат за подобрување на квалитетот на воздухот во вашиот дом преку сушење на воздухот и освежување. Речиси сите клима-уреди содржат еден вид филтер што го чисти воздухот, отстранувајќи ги нечистотиите.
Како и сите филтри, од клучно значење е редовно да ги чистите овие филтри според упатствата на производителот.
3. Чиста постелнина и облека
Прашината е водечка причина за лош квалитет на воздухот. Таа ги иритира носот и грлото и прави да се чувствувате уморно и летаргично. Прашината може да се залепи на ткаенината од вашите домови, како што се постелнината, перниците и завесите. Важно е редовно да ги чистите и да ги перите.
4. Свеќи од восок на пчели се одлични прочистувачи на воздухот
Свеќите од восокот на пчелите имаат одличен квалитет бидејќи кога горат, ослободуваат негативни јони.
Поленот, прашината, нечистотијата, загадувачите и другите работи во воздухот носат позитивен полнеж, па кога свеќата од восокот на пчелите гори, негативните јони се испуштаат во воздухот, поради што позитивно наелектризираните честички се вовлекуваат во свеќите. Ваквото негативно полнење на јонскиот воздух е начинот на кој работат многу воздушни пумпи.
5. Активниот јаглен ги намалува загадувачите на воздухот
Активниот јаглен со децении се користи како безбеден начин за прочистување на воздухот. Се користел во гасните маски во Првата светска војна, а форми на активен јаглен сега се присутни во многу филтри за воздух. Во вашиот дом, активниот јаглен може да биде брз и ефикасен начин за намалување на загадувачите.
Фото: Flickr
6. Бамбус, бршлен и други растенија што ви се потребни
Некои растенија можат да помогнат во отстранувањето на токсините од воздухот во вашиот дом, истовремено обезбедувајќи дополнителен кислород. Тие исто така му даваат одличен изглед на секој дом. Ова се најдобрите растенија што треба да ги поседувате: Hedera helix, Gerbera jamesonii, Dracaena deremensis "Janet Craig", Dracaena marginata, Dracaena massangeana, Dracaena dermensis "Warneckii".
7. Сами направете си есенцијално масло
Користењето есенцијални масла е еден начин за намалување на лошата миризба во вашиот дом, поврзана со лошиот квалитет на воздухот. Следејќи го овој рецепт, можете да направите есенцијално масло:
1/2 чаша силна рузмарин инфузија
20 капки есенцијално масло од бор
20 капки есенцијално масло од лимон
Измешајте ги состојките во шише со распрснувач, добро промешајте, а потоа испрскајте.
8. Важен е вашиот мебел
Многу елементи од мебелот се направени од лепила што продолжуваат да пуштаат токсини. Ова бавно ослободување на токсините може драматично да придонесе за слабиот квалитет на воздухот. Внимателно избирајте го мебелот за да го избегнете ова бавно труење.
Фото: MaxPixel
9. Еко-производи за чистење
Чистиот дом нема толку прашина и други честички што можат да го намалат
квалитетот на воздухот и да ги иритираат алергиите. Туку важно е со што го чистите вашиот дом. Доколку можете, користете целосно природни средства за чистење, како што се лимонот и оцетот, што не оставаат токсичен отпечаток.