Selgas Cano – Мадрид
Ова мора да е една од канцелариите што вистински опуштаат, бидејќи еден дел е под, а другиот е над земјата, со поглед кон околната шума.
Канцеларијата Selgas Cano ја дизајнирал Иван Бан и се наоѓа во шумата во близина на Мадрид. Просториите се многу светли и украсени со разнобојни детали, така што местото е измислено за работа. Акцентот е ставен повеќе на околината, која релаксира и е во спротивност на силните светла и големите празни простории.
Google Office – Цирих
Не е тајна дека „Гугл“ е забавна, иновативна компанија која нема проблем со финансиите и посветените работници. Тајната на посветеноста лежи во феноменалните канцеларии. „Гугл“ вложува многу време и пари да создаде совршен работен амбиент, комбинирајќи ги работата и задоволството, така што вработените да можат да се релаксираат и на паузите да ги наполнат своите батерии. Креативноста воопшто не им е непозната во работењето, па логично е таков да биде и нивниот работен простор.
Во „Гугл“ сите се на максимум 100 метри оддалеченост од храната, бидејќи на секој чекор има кујна. Па така, вработените имаат по три бесплатни оброци на ден. Со оглед на тоа што канцелариите се огромни, може да се користат т.н. пожарникарска шипка кога вработените ќе се изморат од одење. Ако сето тоа не е доволно, секогаш постои опција за одмор во тишината на библиотеките или аквариумите.
Red Bull Office – Лондон
Реновираната зграда со пет паба сега е деловна единица на оваа компанија во Лондон. Не е сè во енергетските пијалаци. „Ред бул“ се грижи за своите вработени, кои ги има околу сто и сите имаат околу дваесет години. Го отфрлиле концептот за канцеларии на големите корпорации и се одлучиле за изгледот на старите пабови и рецепции, кои во текот на вечерта се претвораат во ноќен клуб. Ваквотп работно опкружување е идеално за млади, креативни луѓе кои ја прават оваа компанија една од најинтересните на светот.
AOL Headquarters – Пало Алто, Калифорнија
Не е тајна дека компанијата AOL не е она што беше, но факт е дека челниците се трудат да го променат тоа мислење со купувањето на страниците „Тек Кранч“ и „Хафингтон пост“. Се ослободиле од студената корпоративна фасада и се угледале на „Гугл“, така што се потрудиле нивните канцеларии да изгледаат позабавно и поинспиративно со новиот дизајн. Тука можете да видите огромни кујни, колоритно опкружување, безброј простории за релаксација, просторија за игра и забава, и се разбира – канцеларии.
Parliament, Портланд, Орегон
Ова е компанија што ја препознала предноста на удобниот и радосен работен простор, но која има малку поинаков пристап отколку компаниите на оваа листа. Дизајнот на просториите во голема мера вклучува рециклиран материјал, како стари сообраќајни знаци, стари печки за правење пици и дрвени парчиња од штали и цркви. Најголемо внимание посветиле на деталите, што му овозможува на уредувањето визуелно да се истакне.