X
 01.04.2018 Живот

Најдобрите лидери создаваат култура, а не хиерархија

Постојат два вида на шефови. Прв: шеф кој ја гради целата организација директно под него. Тој е капетан. Кога е во близина, тимот успева - а кога не, тимот лута бесцелно и е погрешно фокусиран. Тие сѐ уште се одлични, ефикасни лидери, но успехот на тимот целосно зависи од нивното учество. Втор: шефови кои ја градат организацијата околу збирови на вештини, навики, дисциплини и најдобри практики. Таквиот шеф е вклучен и секој знае дека тој е на чело, но успехот на тимот не зависи целосно од него затоа што тие имаат изградено нешто сосема различно. Тие изградиле култура, а не хиерархија.


Фото: Pixabay

Најдобрите лидери се создавачи на културата. Еве седум работи што тие ги градат во компанијата.

Тие не се заинтересирани да бидат гледани како високи и силни лидери и многу повеќе се фокусираат на создавање на средина која им овозможува на другите да успеат и да преземат одговорност.

Како го прават тоа?

1. Рутини


Ефективните канцеларии имаат рутини, исто како што ефективните луѓе имаат рутини.

Во понеделник се одржува утрински состанок. Во петок е завршниот состанок. Има средба во средината на неделата. Без оглед на вашата рутина, сѐ додека тоа создава чувство на заедница и одговорност, тоа ќе биде ефективно. Целта на рутината е да се отстрани прашањето: „Што ќе правиме?“

Откако ова ќе се реши, сите членови на тимот можат да се фокусираат на поважните задачи.

2. Одговорност

Ако имате канцеларија полна со оние што „посочуваат со показалецот“, никој никогаш нема да научи и да расте.

Ова започнува на врвот. Ако лидерот не може да ја преземе одговорноста, тогаш нивните менаџери не учат како да преземат одговорност и така натаму. Ова мора да биде дел од вашата култура - и големите шефови го знаат тоа.

Тоа е прашање на знаење како да се покаже, а не теоретизирање, а лидерите најдобро ќе ги научат другите ако најпрво самите тие преземат одговорност.

3. Слушање


Огромен дел од тимска работа се сведува на слушање.

Луѓето ќе поминат низ пекол за вас ако почувствуваат дека умеете да ги слушате. Големите лидери не им кажуваат на луѓето што да прават. Тие слушаат. Тие наоѓаат време на овој пат за да се справат со проблеми, чувства на немир итн. Со тоа учествуваат во подучувањето на другите (повторно, со своите постапки) да го сторат истото.

Ова создава култура на зајакнати луѓе полни со доверба да го споделат она што го мислат и чувствуваат, што на крајот е одлично за организацијата како целина.

4. Доверба

Малку нешта се толку токсични како недоверлива работна средина.

За да бидат ефективен тим, луѓето треба да чувствуваат дека можат да си веруваат еден на друг. Способниот шеф го поставува овој стандард од самиот почеток. Тие ја задржуваат оваа доверба и се крајно претпазливи во почитувањето на овој стандард.

Никој не врши одлична работа во средина каде не се чувствува емотивно безбеден.

5. Работна етика


Организациите кои само теоретизираат, остануваат на приказната за тоа како работат фантастична работа и брзоплето ги кажуваат сите прекрасни нешта кои ги работат, но немаат дисциплина да седнат и навистина да работат.

Големите лидери ја знаат вредноста на покорноста и фокусирањето и вложуваат многу повеќе енергија на поставување на темпото за квалитетна работна етика во канцеларијата. Вашата работна етика е сè. Инаку, вие сте ништо друго освен наслов во кратко соопштение за печатот.

6. Позитивни повратни информации

Големите шефови тоа го прават вака.

Тие можат да обезбедат повратни информации, да ве охрабрат и да бидат строги со вас, и да знаат колку далеку да одат за да ве тестираат, а да не ве скршат. И тоа е од клучно значење за да го извлечеме најдоброто од луѓето. Големиот шеф е одличен тренер. Постојат моменти кога ќе се чувствувате многу фрустрирани, дури и пречувствителни и како да се строги без причина.

Но, со текот на времето ќе ја подигнете главата и ќе ги разберете лекциите кои се обидуваат да ве научат.

Ако добро го направат тоа, ценете ги.

7. Семејство

Вие поминувате повеќе време со луѓето со кои работите отколку со вашето семејство.

Големите лидери не го искористуваат тоа туку наоѓаат начини вредно да ја наградат оваа инвестиција. Ве гледаат како семејство, ве третираат како семејство, создаваат култура за целата организација во која луѓето се радуваат да се видат едни со други. Тоа не е само „канцеларија“. Тоа е простор за работа со луѓе кои сте горди да ги наречете „семејство“. Најдобрите работни средини ја имаат оваа заедничка карактеристика.

Тие велат: „Ги сакам луѓето со кои работам!“ Бидејќи сите се чувствуваат како семејство.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот