И покрај тоа што „Apple“ во голема мера не открива многу за тоа што планира, овој пат компанијата откри одлични детали од неверојатниот план за сите свои производи.
Извештајот за еколошка одговорност открива дека технолошкиот гигант планира да ги произведува сите свои производи со 100% обновливи или рециклирани материјали.
Компанијата се надева дека ќе воспостави „синџир на снабдување со затворен циклус“ за алуминиум, бакар, калај и волфрам, со надеж дека ќе се запре копањето на земјата.
„Apple“ се надева дека ова ќе го постигне со користење на комбинација рециклирани материјали од добавувачи и рециклирани материјали од сопствените вратени производи.
„Се обврзуваме како компанија, да не ги користиме изворите на земјата доколку не е потребно“, пишува „Аpple“ на својата интернет страна за животна средина.
„Еден ден, би сакале да сме во можност да создадеме нови производи исклучиво од рециклиран материјал, вклучувајќи ги и вашите стари производи“.
Од 2016 година, „Apple“ го користи својот робот за рециклирање наречен Лиам, кој ги екстрактира рециклирачките материјали од ајфоните. Машината ги расклопува паметните телефони и го зема златото и бакарот од камерата, кобалтот и литиумот од батеријата и среброто и платината од таблата. Освен тоа, новото седиште на компанијата користи 100% обновливи извори на енергија од соларни, хидро и ветерни извори. Исто така, „Apple“ тврди дека повеќе од 99% од пакувањето доаѓа од материјали извлечени од заштитените одржливи шуми.
„Сега штитиме и создаваме доволно одржливо управувани шуми во Кина и Америка кои ги покриваат сите потреби за пакување на нашите производи“, се вели во извештајот.
Потпретседателката за
животна средина, политика и социјални иницијативи, Лиса Џексон, додава дека компанијата смета дека е важно да биде отворена за своите планови.
„Правиме нешто што инаку ретко го правиме - објавуваме цел пред целосно да испланираме како ќе ја реализираме“, додава таа.