X
 08.03.2018 Технологија

„Гугл“ воведува мала, но значајна промена

„Гугл“ воведува мала, но значајна промена во пребарувањето фотографии. Компанијата реши да ја отстрани опцијата View Image, која се појавуваше кога ќе кликневте на фотографијата, а со чија помош можевте да ја погледнете фотографијата посебно. На корисниците таа опција им беше многу корисна, особено кога сакаа да ја употребат фотографијата за нешто. Сега за таа постапка ќе треба да се направат неколку клика плус.


Фото: Pixabay

Зошто „Гугл“ реши да го направи ова?

Веќе подолго време компанијата е под притисок од фотографите и издавачите кои сметаат дека спорната опција всушност го олеснува крадењето на нивната интелектуална сопственост. Се чини дека со отстранувањето на опцијата компанијата сака да ги одврати корисниците од преземањето фотографии и илустрации или тие да се пренасочат кон веб-страницата од каде што потекнува фотографијата за сопствениците да можат да заработат повеќе, но и каде што е поголема веројатноста дека корисниците ќе ги видат информациите за заштитената содржина.

Исто така, содржината на веб-страницата од тој вид може во одредена мера да се заштити од преземање или барем тоа да стане потешко. Секако, ниедна од тие заштити не е целосно сигурна. Ќе забележите дека сè уште можете да ја отворите фотографијата во посебен таб.

Освен оваа опција, „Гугл“ реши да ја укине и опцијата „Search by image“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија