Досега треба да знаете дека Гугл помни се` и знае се што треба да се знае за вас. Со неговите алгоритми и аналитички алатки, веројатно знае многу повеќе за вас отколку што вие самите знаете за себеси.
Меѓутоа, и покрај овој факт, малку е морничаво да погледнете низ вашата историја на секое ваше пребарување на Гугл што некогаш сте го направиле.
Компанијата сега овозможува да ја симнете вашата историја од нејзините сервери. Во еден ZIP документ, се наоѓа целата историја на секоја случајна или намерна мисла што некогаш сте ја имале; секоја личност што сте ја следеле, секој симптом на болест што сте помислиле дека сте го имале па сте го пребарале итн.
Иако ова и не звучи баш многу изненадувачки сепак е малку импозантно. Знаеме дека Гугл ги користи поврзаните производи и информациите кои ги има за вас за да ви достави реклами и да го персонализира вашето искуство. Можеби за вас тоа е во ред - повеќето луѓе се спремни да ја разменат приватноста за удобноста, или за нешто што не ги чини пари. Но, што ако за вас тоа не е во ред?
Можете да ги промените вашите поставки доколку сакате Гугл повеќе да не ја поврзува вашата историја на пребарување со вашата сметка. Тоа е почеток, меѓутоа треба да знаете дека сепак Гугл ги логира пребарувањата според IP адреси, што потенцијално повторно ве поврзува. Исто така, можете да го користите пребарувачот „Duck Duck Go“ со што нема да бидете следени.