„Гугл“ откри што најмногу се пребарувало во 2021 година на глобално ниво. На листата со 5 најчести пребарувања не се наоѓа ниту еден израз поврзан со пандемијата. Наместо тоа, најбарани биле резултатите од натпревар во крикет помеѓу Австралија и Индија. Сите најпопуларни пребарувања се поврзани со спортот.
Во поглед на вестите, најбарани биле вестите за Авганистан, по што следуваат вестите за акциите на компанијата АМЦ, вакцината против ковид-19, доџкоин и акциите на „Гејмстоп“.
Најпребарувани актери во 2021 биле Алек Болдвин, Пит Дејвидсон, Арјан Кан, Џина Карано и Арми Хемер, а најбарани атлетичари биле Кристијан Ериксен, Тајгер Вудс, Симон Бајлс, Ема Радукану и Хенри Рагс.
Кога станува збор за филмовите, на врвот на листата се наоѓа „Вечните“, а најпребарувана серија е „Игра со лигни“.
Извор:
Google
Фото: Pixabay