X
 11.03.2018 Економија

Најмладите милијардери во светот според „Форбс“

„Форбс“ ја објави листата на најбогати луѓе во светот, а она што привлече особено внимание е дека меѓу милијардерите се најдоа неколку млади луѓе. Моментално, најмладите милијардери се 20 годишната Александра Андерсен и нејзината сестра, 20 годишната Катарина. Од петте најмлади милијардери, тројца живеат во Норвешка.

1
Фото: Getty Images

5. Џон Колисон (27 години)


Откако го напуштил Харвард, Колисон со неговиот брат го основале „Страјп“, американскиот сервис за плаќање преку интернет. Иако се родени во Ирска, и двајцата браќа живеат во Сан Франциско, каде што се наоѓа и компанијата. Вредноста на нивната компанија е проценета на 9.2 милијарда долари.

4. Иван Шпигел (27 години)

2
Фото: Getty Images

Шпигел со другарот од Харвард во 2011 година ја создале апликацијата за размена на фотографии „Снепчет“. Кога нивната апликација станала една од најбараните, Шпигел станал најмладиот извршен директор на јавна компанија. Околу 170 милиони луѓе секојдневно ја користат оваа апликација.

3. Густав Магнар Вико (24 години)

Joyeux 14 Juillet 🔵⚪️🔴🍾

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

Вико поседува скоро половина од норвешката рибарска компанија „Салмар“, една од најголемите светски производители на лосос. Неговиот татко Густав Вико, кој сè уште ја води компанијата, му дал акции во 2013 година. Додека неговиот татко управува со компанијата, Густав се занимава со вложување во недвижнини и старт-ап компании.

2. Катарина Андерсен (22 години)

Why not. 😚

A post shared by Katharina G. Andresen (@kgandresen) on

Втората најмлада милијардерка во светот, е постара од нејзината сестра Александра. Сестрите Андерсен наследиле 42 отсто од семејната компанија „Ферд“. Нивниот татко и понатаму управува со компанијата.

1. Александра Андерсен (21 година)

Hope 2018 treats you great!

A post shared by Alexandra (@alexandraandresen) on

Најмладата милијардерка во светот е Александра која има 21 година. Нејзината компанија, што ја дели со својата сестра, е активен инвеститор на нордиската берза.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија