X
 08.05.2017 Живот

Вештините кои ги бараат најдобрите компании

Кога аплицираме за одредена работи, повеќе се концентрираме на потешките вештини ко ги владееме, односно на вештините кои се мерливи, како одредени квалификации, способноста за зборување странски јазици, минати искуства и успеси и слично.


Сепак, не значи дека „обичните, човечки“ вештини се помалку важни. Тука спаѓаат учтивоста, љубезноста, трудољубивоста, организираноста. Еве неколку начини на кои можете да ги подобрите истите.

Способност за вешто решавање конфликти

Ова е особено важно ако постојано сте во контакт со клиенти. Трпеливоста е од основно значење, особено ако се случи да се конфронтирате со лут и агресивен клиент. Останете смирени, слушајте што има да ви каже другата страна и покажете разбирање, а потоа предложете решение. Бидете спремни на компромис.

Способност за решавање на проблеми

Потсетете се на проблемите од минатото и како сте се справиле со нив. Преземете ги позитивните работи од тие искуства и повторете ги. Извлечените поуки претворете ги во лекции за решавање на проблеми.

Комуникациски вештини

Активно слушање е важен дел од комуникацискиот процес. Потребно е да обрнете внимание кога некој ви зборува и да воспоставите контакт со очите. Јасно изразувајте ги идеите и бидете прецизни. Не го мачете соговорникот со неважни информации. Бидете отворени и покажете разбирање. На крајот, се разбира, верувајте во она што го зборувате и настапете со самодоверба.

Критичко мислење

Критичката мисла е важна за напредок – може да ви даде идеи за подобрување и надградување.

Способност за прилагодување на промени

Ништо не може да остане исто засекогаш. Промената мора да дојде, а вие треба да најдете позитивни карактеристики во сето тоа и да се прилагодите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот