X
 16.12.2018 Технологија

„Фејсбук“ повторно во нов скандал - откриено дека ги шпионирал корисниците

Вредноста на „Фејсбук“ падна за 9,5 милијарди долари по само еден ден откако истекоа важни информации од оваа компанија.

Акциите паднаа за 2,5 отсто, што ја чинеше компанијата 9,5 милијарди долари од вкупната вредност на компанија од 379 милијарди долари. Документите покажаа дека компанијата е доста агресивна во борбата против конкуренцијата, но и нелојална конкуренција бидејќи ги следела ривалите, ги оценувала девелоперите и предизвикувала конфликти со регулаторите и политичарите низ светот.

Во јули компанијата изгуби 119 милијарди долари во вредност поради нејзиниот агресивен пристап.

Документите откриваат дека „Фејсбук“ планирал на компаниите да им овозможи пристап до податоците за тоа колку рекламен простор бил купен и да ги исклучи од договорот компаниите што не можат да платат. Била програмирана посебна апликација што посебно ги бележи повиците и пораките на корисниците, но Закерберг бил малку скептичен за тоа како ќе помине апликацијата кај луѓето. „Фејсбук“ ја користел апликацијата „Онаво“ за да собере податоци за употреба на телефоните без знаење на корисниците, за да идентификува конкуренција како „Вацап“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија