X
 14.03.2018 Култура

Прочуениот филм на Скорсезе е финансиран со „валкани“ пари?


Леонардо ди Каприо како „Волкот од Вол Стрит“
(Фото: Youtube srceenshot)


Продуцентите на филмот „Волкот од Вол стрит“ ќе мора да платат 60 милиони долари заради обвиненијата дека филмот бил финансиран од украдени пари.

Наведените средства се дел од неверојатниот износ пари уплатени на сметките на соработниците на малезискиот премиер, кој според пишувањата на британскиот „Гардијан“, бил уплатен од инвестицискиот фонд на Малезија.

Коосновачот на продуцентската куќа „Ред гранит пикчрс“ која била кофинансисер на филмот заедно со Леонардо ди Каприо во улогата на Џордан Белфорт, е посинок на малезискиот премиер Наџиб Разак, кој е вплеткан во криминални активности.

Инаку, за продуцентската куќа „Ред гранит пикчрс“ речиси никој не знаел, сè додека не инвестирале 100 милиони долари во филмскиот хит на Мартин Скорсезе.

Продуцентската куќа и натаму негира постоење на какви било неправилности, но нејзините челници и покрај тоа, одлучиле да уплатат 60 милиони долари во наредните 12 месеци.

Американските власти имаат намера подетално да го истражат овој случај, бидејќи утврдиле дека во збирниот износ се појавиле  низа нерешени долгови  со вкупна вредност од 1,7 милијарди долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура