X
 11.12.2022 Забава

„Гончаров“ - најдобриот гангстерски филм кој никогаш не бил снимен

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, поранешен сопственик на советска мафијашка дискотека Гончаров „Ло Страниеро“ (Роберт де Ниро), стигнува во Неапол и набрзо станува шеф на криминалното подземје. Покрај Де Ниро, во филмот играат и Сибил Шеперд, Харви Кител, Ал Пачино, Џин Хакман и Џон Газејл.

Станува збор за гангстерскиот филм „Гончаров“ од 1973 година на Мартин Скорсезе. Доколку се прашувате зошто досега не сте слушнале за филмот, тоа е затоа што тој не постои. Својот пат филмот го започнал на социјалната мрежа „Тамблр“, и тоа со објава за лажни обувки порачани онлајн со необична етикета на која пишува „најдобриот мафијашки филм некогаш снимен - Мартин Скорсезе го претставува 'Гончаров'“.


Се претпоставува дека станува збор за грешка во насловот, а веројатно се однесувал на италијанскиот криминалистички филм „Гомора“. Можеби приказната би завршила тука доколку во ноември еден корисник на „Тамблр“ не дизајнирал филмски постер за непостојниот филм, кој предизвикал лавина реакции. Одеднаш границата помеѓу митот и реалноста за овој филм се замаглила.

Во наредниот период корисниците на социјалната мрежа создале цел свет поврзан за филмот. Се појавиле реценции, објави, сценарио, ликови и симболи на филмот. Тука се вклучила и американската актерка Линда Картер, која објавила фотографија за која напишала дека е од премиерата на филмот.

Конечно, се огласил и „режисерот“, Скорсезе, кој одлучил да учествува во оваа колективна интернет-шега. Неговата ќерка Франчерка на „Тик-ток“ објавила порака во која Скорзезе вели дека го снимил филмот пред многу години.

@francescascorsese #stitch with @nadow3ll #greenscreen #martinscorsese #goncharof ♬ original sound - Francesca


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава