X
 15.03.2018 Наука

Зимско лето на крајниот север: „Ова едноставно не е нормално“


Санти мраз и замрзнат океан
(Фото: Thinkstock)


Оваа зима на Арктикот е забележана рекордно висока температура, која, на изненадување на научниците, била цели пет степени повисока од просекот. Површината на морскиот мраз на Арктикот е рекорно ниска за оваа доба од годината.

Научниците се многу загрижени, бидејки во тој регион, заради климатските промени, е забележана најтоплата зима во историјата на мерењето на температурите.

„Тоа едноставно не е нормално“, истакнува директорот на Националниот центар за податоци за снегот и мразот во Колорадо, Марк Серезе, кој го проучува Арктикот уште од 1982 година.

„Вакви бранови од топлина – никогаш не сум видел!“, нагласува Серезе.

Стручните лица сметаат дека високата температура во оваа област е дел од циклусот предизвикан од глобалното затоплување, кое од друга страна, како последици предизвикало студени бури, кои неодамна хараа низ Европа и североистокот на САД.

Најсеверната мерна станица, на самиот брег на Гренланд, во февруари забележала 60 часа во кои температурата ја поминувала нулата кон позитивните вредности, пренесува „Гардијан“.

„Температурата од минатиот месец повеќе наликува на мајска“, истакнува Рут Мортрам од Данскиот институт за метеорологија.

Од повеќе од 30 арктички метеоролошки станици, на барем 15-тина од нив била измерена температура која во просек, била за 5,6 степени повисока од нормалната за зимскиот период.

Површината на мразот на Арктикот во февруари била помала од минатогодишната за 160.000 квадратни километри.

Таа сега изнесува околу 14 милиони квадратни километри, што е за 1,3 милиони помала од нормалното триесетгодишно ниво.

Сличен феномен е забележан и на Пацификот, во Беринговото Море. „Невообичаено е тоа што истото се случува од двете страни на Арктикот“, изјави долгогодишниот научник во Центарот за податоци за снегот и мразот, Волт Меер.

„Ова се најзначајни климатски промени“, заклучи тој.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука