Кога Леонардо ди Каприо го освои Оскарот февруари оваа година, после неколку години чекање, интернетот реагираше со задоволство.
Леонардо немаше среќа во текот на изминатите години, па затоа овогодинешниот Оскар претставуваше задоволство и за него, но и за интернет корисниците. Меѓутоа, интернет корисниците не реагираа само поради неговата победа, туку и поради ефектот кој го предизвикал со неговиот говор за климатските промени.
После говорот на Лео, истражувачите започнаа да спроведуваат истражувања поврзани со климатските промени. Едно од истражувањата вели: „Ангажманот на социјалните медиуми за климатските промени се зголеми после говорот на Леонардо ди Каприо“.
Во својот
говор актерот изјави: „Климатските промени се вистински и тие се случуваат сега, во моментот. Тие се најитната закана со која се соочуваат сите видови и ние треба да работиме заедно и да престанеме да одложуваме“.
Следниот ден, твитовите во кои се споменуваат климатските промени беа за 636% повисоки од деновите пред Оскарите.
Ефектите не се почувствуваа само на социјални медиуми. И пребарувањата на Google од корисниците беа повеќе насочени кон тоа корисниците да дознаат повеќе за климатските промени и тоа се промени еден час после говорот на Леонардо. „Климатските промени“ на Google се зголемија за 261% во споредба со денот претходно, а пребарувањата „глобално затоплување“ се зголемија за 210% на денот на говорот.
„Говорот на Леонардо беше голем момент за залагањето за климатските промени, инспирирајќи голем број на медиуми да започнат да објавуваат информации за климатските промени, за разлика од било кој сличен пораст на традиционалното покривање на вестите“, вели извештајот.
Леонардо ди Каприо долго време се залага за тоа дека луѓето треба да ги сфатат климатските промени сериозно и тој е страстен поборник за животната средина. Тој ја започна фондацијата Ди Каприо во 1998 година, а нејзината мисија е да ги заштити последните диви места во светот, а на почетокот на оваа година зборуваше за климатските промени во ОН.