X
 02.09.2021 Образование

Во универзитетските мензи во Берлин речиси нема да се служи месо

Во универзитетските мензи во Берлин ќе се нудат претежно вегански и вегетаријански оброци, почнувајќи од следниот семестар, со цел да се намали штетата врз околината, пренесува Би-би-си.

Околу 68 отсто од оброците ќе бидат вегански, 28 отсто ќе бидат вегетаријански, а само 4 отсто ќе бидат со месо или риба во мензите, почнувајќи од октомври. Во понеделник нема да се нуди никаков оброк со месо, а традиционалните колбаси ќе бидат заменети со салати.


Фото: Pixabay

Новото мени има цел да го намали испуштањето на штетни гасови од страна на универзитетите во главниот град на Германија. Месото е составен дел од многу традиционални германски оброци, но научниците велат дека штетните гасови што се создаваат од месната индустрија ги влошуваат климатските промени.

Според Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство, одгледувањето домашни животни за храна е одговорно за 14,5 отсто од емисиите на штетни гасови во светот.

Студентите велат дека сакаат да има повеќе оброци без месо во мензите. Според анкета од 2019 г., 14 отсто од студентите во Берлин се вегани, а 33 отсто се вегетаријанци.

Извор: BBC
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование