X
 18.04.2023 Технологија

Пристигна „Авто-ГПТ“, нова алатка која ги автоматизира задачите со „Чет-ГПТ“

Светот уште зборува за излегувањето на „Чет-ГПТ“, но веќе има нова алатка која ќе ги однесе корисниците на следното ниво. Станува збор за „Авто-ГПТ“, алатка која овозможува креирање на роботи кои може да завршуваат задачи наместо вас користејќи го „Чет-ГПТ“.

Иако многу експерти предупредуваат за опасностите од брзиот развој на ваквите апликации, многу компании веќе претставија слични услуги, што покажува дека ова поле ќе продолжи да се развива.

Како функционира „Авто-ГПТ“?

Алатката била создадена од Торан Брус Ричардс и е слободна за користење. Таа овозможува создавање „агенти“ со помош на вештачка интелигенција кои учат како да завршуваат задачи користејќи го „Чет-ГПТ“.

Корисникот го создава агентот со опишување на неговата улога и неговите цели. Потоа, алатката почнува да спроведува задачи, а корисникот може да го подобрува агентот врз основа на резултатите.



Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија