X
 06.06.2022 Живот

Ова се моментално најскапите градови за живеење во светот

Истражување спроведено од веб-страницата „Статиста“ покажува кои градови во светот моментално се најскапи за живот.

Процесот на селекција не е едноставен и вклучува многу фактори кои се меѓусебно зависни. Истражувањето опфатило 173 града на пет континенти, а биле споредени дневните трошоци за живот, вклучувајќи ги цените за сместување, храна и пијалаци, превоз, рекреација и на алкохолот.

8. Сингапур

singapur
Фото: Freepik

Земја:
Сингапур
Трошоци за живот: 3.604 долари месечно
Население: 5,6 милиони

Додека многу градови во Азија беа на листата со најскапи градови во светот низ годините, Сингапур сега го зазема едно од првите места. Сингапур е суверена град-држава на остров во Југоисточна Азија. Поради  чистотата и употребата на зелена енергија, Сингапур се рангира меѓу најскапите градови во светот. Цените на намирниците, автомобилите и на патувањата се прилично високи.

7. Хонгконг

hong kong
Фото: Freepik

Земја:
Кина
Трошоци за живот: 3.879 долари месечно
Население: 7,4 милиони

Хонгконг е посебен административен регион. Неговиот статус како центар со локална власт и домување му ги дава сите карактеристики на град. Хонгконг е една од најгусто населените области во светот со високи цени за домување. Живеењето во Хонгконг е уникатно искуство бидејќи домувањето е скапо и ретко.

6. Париз

pariz
Фото: Freepik

Земја:
Франција
Трошоци за живот: 3.910 долари месечно
Население: 2,1 милиона

На листата се наоѓа и секогаш препознатливиот луксуз на Париз. Не само што е дом на „Лувр“, најпрестижниот музеј во светот, и Ајфеловата кула, туку и култните Елисејски полиња, неверојатните ресторани и бескрајните други атракции кои го прават светски главен град на романтична дестинација за одмор. Ова, исто така, го прави едно од најскапите места за живеење.

5. Осака

osaka
Фото: Freepik

Земја
: Јапонија
Трошоци за живот: 4.157 долари месечно
Население: 2,69 милиони

Осака во регионот Хоншу во Јапонија е најнаселен град (трет најнаселен во Јапонија, со речиси 2,7 милиона жители). Иако нема толку многу метеж како Токио, Осака го надоместува тоа со многу високи трошоци за живот, делумно благодарение на долгата историја на Осака како централен јапонски економски центар. Поради високите цени на храната и на киријата, Осака е еден од најскапите градови во светот и се проценува дека на просечно четиричлено семејство му требаат околу 4.157 долари месечно.

4. Копенхаген

kopenhagen
Фото: Freepik

Земја:
Данска
Трошоци за живот: 4.234 долари месечно
Население: 799.000

Копенхаген, главниот град на Данска, е град со над 799.000 жители. Тој е понаселен и поурбан од кој било друг град во земјата. Трошоците за живот во Копенхаген на едно четиричлено семејство се околу 4.234 долари месечно. Данска е позната како една од најскапите и најлуксузни земји во светот, а ова е и најскапиот град во неа.

3. Тел Авив

tel aviv
Фото: Freepik

Земја:
Израел
Трошоци за живот: 4.360 долари месечно
Население: 435.000

Тел Авив во Израел постојано се искачува на рангирањето со најскапите градови во светот, најмногу поради растечката вредност на израелската валута шекел во споредба со американскиот долар. Трошоците за живот за четиричлено семејство без кирија се проценуваат на околу 4.361 долар месечно. На крајот од минатата година Тел Авив го зазеде првото место на оваа листа. Цените за храната и транспортот се двата главни фактори што придонесоа за растот на трошоците за живот во Тел Авив.

2. Њујорк

nujork
Фото: Freepik

Земја:
САД
Трошоци за живот: 5.006 долари месечно
Население: 8,41 милиони

Сосема очекувано, најскапиот град во САД е и најпознат. Тоа е метропола со над 8,4 милиони луѓе и сите живеат во многу различни економски услови. Градот има висока стапка на невработеност од над 9 отсто и просечни цени на куќите од над 650.000 долари, често блиску до 1 милион долари. Не само домувањето, туку и забавата, храната и школувањето ги зголемуваат цените во Њујорк. Дури и комуналиите и превозот чинат 1,5-1,8 пати повеќе од националниот просек.

1. Женева

zeneva
Фото: Wikipedia

Земја: Швајцарија
Трошоци за живот: 5.381 долар месечно
Население: 198.000

Најскапиот град во светот е Женева. Швајцарија е позната по својот луксуз, по своите часовници, по куќите на замрзнатите езера кои изгледаат прекрасно. Даноците во Женева се релативно ниски, додека расположливите приходи на луѓето што живеат тука се генерално многу високи. Сепак, тоа не ги спречува да трошат за да ги платат сите смешно високи сметки во Женева, како што се просечните цени за изнајмување кои се двојно повисоки од оние во Амстердам.

Процените се дека на просечно семејство му требаат 5.381 долар за да преживее во Женева, иако некои извори наведуваат и до 7.000 долари.

Најскапите градови во светот имаат екстремно високи цени за кирии, покрај основните трошоци за живот, како што се храна, лекови, забава, превоз, кирија, облека и многу повеќе. По правило, во повеќето случаи, а поради новите околности и животни навики предизвикани од пандемијата и војната во Украина, пазарот на недвижности, по малото стабилизирање на почетокот на годинава, повторно влезе во турбулентен период.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот