По 10 години живеење во Нортхемптон, Англија, каде што за месечна кирија плаќал околу 650 евра, 41-годишниот Масиеј Бобер направил голема промена.
Минатата година Маисеј одлучил да живее во неговиот автомобил „фиат 500“ во Корнвол, каде што и работи како убер-возач, заработувајќи 350-450 евра неделно, доволно за неговите трошоци.
Тој тврди дека неговиот живот се подобрил со ваквиот животен стил. Своите работи ги складирал во багажникот на неговиот мал автомобил, а трошоците главно вклучуваат осигурување на автомобилот, храна и членство во сала за вежбање каде што се тушира секој ден.
Можеби се прашувате како некој би можел да живее без да има кујна, а одговорот е едноставен: Масиеј најчесто јаде брза храна или купува леб за да си направи сендвичи.
- Животот во автомобил ме ослободи, а слободата ми е најважна - вели тој и додава дека е под помал стрес поради новиот начин на живот.
- Во куќата во Нортхемптон бевме седуммина, беше премногу бучно и скапо. Бидејќи и онака минував многу време во автомобилот, сфатив дека нема разлика ако спијам во него. Постојат и добри и лоши страни на живеењето во автомобил, но моето искуство главно е позитивно. Не треба да плаќам кирија, а ако ми здосади градот во кој моментално живеам, едноставно ќе одам во друг - вели тој.
Извор:
Jutarnji.hr
Фото: Screenshot/YouTube