X
 11.10.2015 Култура

Шок во Германија поради новиот филм за Хитлер

Замислете Хитлер да се разбуди во денешен Берлин, а јавноста да го помеша со смешен имитатор на нацистичкиот лидер и завршува како позната тв личност, поддржана од луѓето низ светот.

 

хитлер


Токму ова е премисата на „Тој се врати“ („Er ist wieder da“), остра општествена сатира на авторот Тимур Вермес, филмската верзија која премиерно се прикажува во Германија оваа недела.

Во овој бестселер објавен пред три години, Хитлер е збунет поради тоа се пронаоѓа себеси во мултикултурна Германија, предводена од една жена - канцеларката Ангела Меркер.

Тој открива тв готвачи, Wikipedia и фактот дека Полска се`уште постои, а потоа станува ѕвезда на малите екрани. Филмот оди чекор понатаму и ја раскажува приказната во документарен стил - во стилот на филмот „Борат“ од 2006 на Саша Барон Коен.

Во филмот, туристите и фудбалските фанови навиваат за Хитлер кај Брандербуршката порта во Берлин, во едно баварско село и на други места, а постарите луѓе го обожаваат, често пати изразувајќи ги неговите екстремистички ставови.

„Треба да се вратат работните логори“, му вели еден граѓанин на диктаторот.

Овие сцени од филмот допреа до Германците, кои во услови на рекорден прилив на бегалците, и предизвикаа ксенофобични протести и напади против барателите на азил.

„Постои огромен гнев меѓу луѓите, како оној во 1930-тите“, вели ликот на Хитлер, со видливо задоволство.

Масучи, познат како театарски глумец, раскажува за помешаните чувства додека снимал сцени со луѓето на улица.

„За време на снимањето сфатив: не мора да глумам - луѓето имаат потреба да зборуват, тие сакаат да им раскажуваат на Хитлер кој ги слушаше. Беше навистина вознемирувачки за колку брзо време ги освоив луѓето“, вели тој .

Во филмот Хитлер се среќава и со членовите на популистичката националистичка Алтернатива и неонацистичката партија НПД, додека последните сцени прикажуваат екстремно десничарски банди и митинг од движењето ПЕГИДА, што е кратенка за „Патриотски европејци против исламизацијата на западот“.

„Лажниот Хитлер, со мали мустаќи им помогна на луѓето да ги изгубат сопствените инхибиции и овозможи увид во темната страна на Германија“, велат критичарите.

Други критичари пак сметаат дека филмот е: „Борат со мали мустаќи. Прилично глупаво. 30 години после завршувањето на „Третиот рајх“ кој зад себе остави уништени земји, милиони мртви, диктаторот остана да служи како карикатура, или натоварена со глупости“.

На премиерата во четвртокот, публиката во Берлин изгледаше задоволна, особено во смешните моменти од филмот.

„Ова е реално. Нема потреба да дебатираме за ова. Покажува колку лесно луѓето можат да бидат изманипулирани. Ова е вистинскиот момент, бидејќи опасната е тука, сега“, изјави еден гледач.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура